недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 68
home Ракомет

Поради новите ковид-мерки во Франција,Тулуз не доаѓа во Македонија

Поради новите ковид-мерки во Франција,Тулуз не доаѓа во Македонија

Франција донесе нов закон со новите корона-мерки кога се во прашање земјите кои не се во Европската унија (ЕУ), па така, покрај мечот ПСЖ и Вардар, нема да се игра и средбата меѓу Металург и Тулуз.

Според новиот закон во Франција, лицата кои доаѓаат или патуваат во земјите надвор од ЕУ, ќе мора да заминат на изолација.

Па поради тоа Тулуз нема да патува за Македонија каде требаше да се игра дуелот против Металург на 9 февруари.

Металург го чека дуел со Чеховски Медведи во Русија  на 6  февруари), а потоа, на 14 и 16 февруари следат две средби против Висла на гостински терен во Полска.

ЕУРО 2020

Македонија