сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 57
home Ракомет

Поради многу заразени со коронавирус, машкиот ракомет во Македонија ставен во мирување

Поради многу заразени со коронавирус, машкиот ракомет во Македонија ставен во мирување

По појавувањето на голем број на позитивни случаи на Ковид -19 во тимовите, Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги суспендира натпреварите во Супер лигата.

Откако од минатата недела на период од 15 дена РФМ ги стави во мирување натпреварите во А-групата, денес истото го направи со натпреварите во Б-групата.

Во дописот домедиумите, од РФМ велат дека во споменатиот период, клубовите ќе мора да ја информираат Федерацијата за здравствената состојба на заразените играчи, а по рокот од 15 дена, ќе биде направен комплетен скрининг на сите тимови кои се натпреваруваат во групата Б. (МИА)

Коронавирус