сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 80
home Ракомет

Поради коронавирусот ракометарите на Вардар не отпатуваа за Париз

Поради коронавирусот ракометарите на Вардар не отпатуваа за Париз

Македонскиот ракометен шампион Вардар не отпатува во Франција каде утре требаше да го игра натпреварот со Пари Сен-Жермен во Лигата на шампионите.

Во очекување на официјална информација од таборот на „црвено-црните“, во јавноста се појавија шпекулации дека во прашање со два нови случаи со коронавирус.

Доколку се потврдат ваквите шпекулации, не се знае дали целиот тим ќе оди во карантин, или остатокот од екипата ќе патува во Париз во друг термин.

Единствено што во моментов е јасно дека утре нема да има дуел ПСЖ – Вардар.(МИА)

Коронавирус