сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Ракомет

Поради коронавирус нема да се одигра мечот ПИК Сегед-Флензбург

Поради коронавирус нема да се одигра мечот ПИК Сегед-Флензбург

Унгарскиот ПИК Сегед и германскиот Флензбург нема да го играат натпреварот во рамките на Лигата на шампионите затоа што во таборот на унгарскиот тим се појави позитивен случај на коронавирус.

Од ПИК Сегед информираат дека еден позитивен случај се појавил на редовното тестирање спроведено пред натпреварите во ЕХФ Лигата на шампионите. Веднаш биле спроведени сите мерки и лицето е изолирано.

На сите останати ракометари и членови на стручниот штаб ќе им се направат нови тестови, а дотогаш нема да се тренира и работи.

Од ПИК Сегед истакнаа дека го информирале ЕХФ и Флензбург за ситуацијата и мечот кој беше предвиден нема да се игра.

.

Коронавирус