понеделник, 18. март 2019. Вести денес: 122
home Ракомет

Почнува 26. Светско првенство во ракомет, прв пат во историјата домаќини две држави- Македонија стартува утре

Почнува 26. Светско првенство во ракомет, прв пат во историјата домаќини две држави- Македонија стартува утре

Со натпреварот Германија – Кореја (18:15 часот) денеска во Берлин ќе стартува 26-от ракометен Мундијал. Домаќини се Германија и Данска. Натпреварите ќе се играат во шест градови, Минхен, Берлин, Келн, Хамбург (Германија) и Копенхаген и Хернинг (Данска).

На шампионатот ќе учествуваат 24 репрезентации поделени по шест во четири групи. Меѓу нив е и македонската репрезентација која ќе се натпреварува во групата Б.

Изглед на групите:

А-група (Берлин): Германија, Франција, Русија, Србија, Бразил, Кореја.

Б-група (Минхен): Хрватска, Шпанија, Исланд, Македонија, Бахреин и Јапонија.

Ц-група (Копенхаген и Хернинг): Австрија, Данска, Норвешка, Тунис, Саудиска Арабија и Чиле.

Д-група (Kопенхаген): Унгарија, Шведска, Египет, Аргентина, Ангола и Катар.

Во втората фаза продолжуваат по три најдобропласирани од секоја група, при што ќе се формираат две нови групи со по шест учесници. При тоа секоја селекција си ги пренесува бодовите од дуелите со конкурентите од групата. Потоа двете најдобри одат во полуфиналето.

Македонија првенството го почнува со меч против селекцијата на Јапонија на 11 јануари, по што следуваат натпреварите против Бахреин на 13 јануари, ден подоцна со репрезентацијата на Хрватска, на 16 против Шпанија и на 17 јануари со Исланд.