понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 22
home Ракомет

Почина легендарниот ракометар Златко Портнер

Почина легендарниот ракометар Златко Портнер

Златко Портнер ненадејно почина во 59 година од својот живот, објавија медиумите од Србија. Портнер беше член на легендарната југословенска генерација, во 1982 година да дојде во Шабац каде стана член на Металопластика со која два пати го освојуваше тогашниот Куп на шампионите во 1985 и 1986 година.

Портнер беше дел од генерацијата на Вујовиќ, Исаковиќ, Рниќ, Башиќ, играше и во Барселона и во 1991 година триумфира и во Купот на Шампионите.

Како член на репрезентацијата на Југославија, Портнер освои злато на Светското првенство во 1986 година во Швајцарија и бронза на Олимписките игри во Сеул во 1988 година.

Коронавирус