сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 4
home Ракомет

ПОБЕДА КОЈА НЕ НОСИ ВО ВАРАЖДИН: ЕХФ ги избра најдобрите моменти од мечот Македонија- Црна Гора (ВИДЕО)

Најдобар играч на натпреварот вчера покрај „Фалангата“ беше нашиот ракометар Филип Кузмановски, кој на овој меч беше нерешлива енигма за црногорските ракометари.
ПОБЕДА КОЈА НЕ НОСИ ВО ВАРАЖДИН: ЕХФ ги избра најдобрите моменти од мечот Македонија- Црна Гора (ВИДЕО)

Македонските ракометари вчера стигнаа до голема победа, втора на ова Европско првенство, втора од два натпревари и втора со еден гол разлика, но вредна нови два бода со кои Македонија е лидер во групата со четири бода и најмалку два пренесува во следната фаза во Вараждин.

Најдобар играч на натпреварот вчера покрај „Фалангата“ беше нашиот ракометар Филип Кузмановски, кој на овој меч беше нерешлива енигма за црногорските ракометари.

Македонската јавност овие денови живее и дише со македонските ракометари, а тие на најдобар начин и враќаат со победи кои и тоа како публиката ги сака.

По натпреварот ЕХФ во скоро две минути видео ги избра најдобрите и најинтересни моменти од мечот Македонија- Црна Гора.

Коронавирус