петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 62
home Ракомет

Победа и над Црна Гора: Македонија оди во Вараждин, пренесува минимум 2 бода

Победа и над Црна Гора: Македонија оди во Вараждин, пренесува минимум 2 бода

Македонската ракометна репрезентација ја оствари и втората победа на ЕП во Хрватска. Нашите момци вечерва ја совладаа Црна Гора со 29:28.

По лошото прво полувреме кое Црногорците го добија со еден гол позитива (16:15), во второто полувреме нашиот тим заигра подобро и на крајот сосема заслужено ја славиме победата.

Со оваа победа, Македонија со сигурност оди во следната фаза во Вараждин. Со победата над Црна Гора, Македонија сега е прва во групата со 4 освоени бодови, пред Германија со 3, Словенија со 1, Црна Гора е без бодови.

Ова значи дека нашата селекција со сигурност ќе пренесе 2 бода во следната фаза, а може и повеќе доколку оствариме позитивен резултат со фаворизираната Германија.

Филип Кузмановски и Филип Миркуловски се најзаслужни за вечерашната победа. Кузмановски постигна 5 погодоци од 8 обиди, додека Миркуловски имаше четири погодоци од исто толку обиди.