Македонската публика е непријатно изненадена од поразот во Кожани од домаќинот, селекцијата на Грција.
По натпреварот капитенот Кире Лазаров не го криеше разочарувањето.
-Не смеевме да си го дозволиме овој пораз. Ова го најавив и по победата против Турција во Битола, изгледа не бев сфатен сериозно. Ова е голем шамар за сите нас, заслужен пораз. Заслужуваме критики од сите вас, од целата јавност, рече Лазаров.