сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 61
home Ракомет

По операцијата, Столе Стоилов повторно на нозе (ФОТО)

По операцијата, Столе Стоилов повторно на нозе (ФОТО)

Проблемите со коленото се веќе минато за Столе Стоилов. Неколку дена по операцијата, капитенот на РК Вардар на денешниот контролен преглед открил дека се чувствува одлично и дека е среќен што повеќе ја нема болката која му ги отежнувала секојдневните активности.

Докторите од Систина, болницата каде бил изведен оперативниот зафат, велат дека интервенцијата поминала во најдобар ред, а веќе од утре Столе може да почне со вежби и физикална терaпија, коишто ќе потпомогнат за побрза рехабилитација.

Му посакуваме брзо опоравување и што поскоро враќање на терените.