понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 14
home Ракомет

По Дисингер, Динамо Букурешт донесе и ракометар од Барса

По Дисингер, Динамо Букурешт донесе и ракометар од Барса

Чави Пасквал по 12 сезони си заминува од каталонскиот гигант Барселона и во новата сезона ќе го предводи романскиот суперлигаш, Динамо Букурешт.

Новиот тренер на Динамо Букурешт со себе го носи и својот син, Алекс Пасквал. Младиот и талентиран ракометар од Барселона ќе се пресели во романскиот шампион, а заслугите за неговиот трансфер одат на конто на неговиот татко.

-Алекс се уште не потпишал договор, но тоа ќе го направи наскоро. Договорот ќе биде на деве или три сезони. Според сегашните околности, тој не може да остане во клубот иако се уште има важечки договор на две години, изјави Пасквал за „Марка“.

Со раководството на Динамо Букурешт, Чави Пасквал потпиша тригодишен договор. Реализирањето на трансферот на неговиот син се очекува да биде во следниот период. Кристијан Дисингер од Вардар и Седрик Сорендо од Барселона се официјалните засилувања во романскиот шампион.

ЕУРО 2020

Македонија