недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Ракомет

Пик Сегед се лизна доволно за да налета на – Вардар!

Пик Сегед се лизна доволно за да налета на – Вардар!

Фленсбург одигра фуриозен натпревар во 13. коло од Лигата на шампиони, па со 34-26 успеа да го прегази Пик Сегед и така унгарскиот тим има шанса да се лизне на табелата, со што би можел да се соочи со европскиот шампион Вардар во осминафиналето на натпреварувањето.

Пик Сегед добро го отвори мечот и набрзо создаде предност од три гола (5-2), но потоа Фленсбург се залета и успеа да направи пресврт (6-5), а до крајот на полувремето зголеми на убедливи 17-11.

Гостинскиот тим се мачеше и во второто полувреме, па Фленсбург зголеми на девет голови разлика (25-16) и предноста ја одржуваше до самиот крај (34-26).

ПСЖ има подобар меѓусебен дуел од Пик Сегед, па ако слави против Елверум во следниот меч, тоа ќе значи дека ќе го скокне унгарскиот тим на табелата и така ќе му го „намести“ на Вардар, доколку не се променат работите во групата А.

Секако, Вардар за да се соочи со третопласираниот тим од групата А, т.е. најверојатно Пик Сегед ќе треба да загуби на гостувањето кај Порто во следното коло и да заврши на шестата позиција во групата Б.

Коронавирус