понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 81
home Ракомет

ПИК Сегед го победи Веспрем и е нов шампион на Унгарија

ПИК Сегед го победи Веспрем и е нов шампион на Унгарија

Откако на изненадување на европската ракометна јавност остана без учество на завршницата од Лигата на шампионите во Келн, екипата на Веспрем им приреди нов шок на своите фанови.

Во големото финале на унгарскиот ракомет, Веспрем предводен од поранешниот стратег на Вардар, Давид Дејвис и со нашиот репрезентативец Дејан Манасков , не успеа да ја анулира негативата од првата средба со ПИК Сегед и остана без трофејот во домашниот шампионат.

На спротивната страна, пак, ПИК Сегед одново одигра фантастично во финалната серија и со нова победа од 36-37 по вторпат во последните три сезони е шампион на Унгарија .

 

ЕУРО 2020

Македонија