недела, 27. септември 2020. Вести денес: 41
Во живо

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Ракомет

Петрески: Не очекувавме позитивен резултат против Вардар

Петрески: Не очекувавме позитивен резултат против Вардар

Вардар рутински го совлада Пелистер со 28:34 на гостувањето во Битола во заостанатиот натпревар од третото коло на плејофот.

Европскиот шампион и покрај отсуството на неколку стандардни ракометари од почетокот на натпреварот воспостави контрола на теренот и на паузата замина со предност од 14:22.

„Црвено-црните“ и во вториот дел ја продолжија доминацијата и натпреварот го завршија во своја корист со конечни 28:34.

– Не очекувавме позитивен резултат против Вардар, туку сакавме само да одиграме максимално и да ги увидиме нашите грешки. Потребно ни е доста работа, како во одбрана, така и во нападот и во полуконтрата. Се надевам дека понатаму ќе ги отстраниме недостатоците и ќе почнеме да играме како што треба. За нас најважните натпревари следат во понатамошниот дел, а тоа се домашните средби со Охрид, Еурофарм Работник и Пролет, изјави по натпреварот тренерот на Пелистер, Томе Петрески.

Капитенот на Пелистер, Васко Димитровски, во името на клубот им подари икона од заштитникот на градот Нектариј Битолски на ракометарите на Вардар за пласманот на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите.

Натпреварот во Битола беше одложен поради четвртфиналето во ЛШ со Кил, кое заврши во корист на Вардар, кој ќе ја брани шампионската титула на завршниот турнир во Келн.

Коронавирус