Искусниот македонски интернационалец и поранешен репрезентативец, Петар Ангелов – Диви се враќа во Македонија и ќе го чува голот на суперлигашот, Тинекс Пролет.
По неколку сезони во германскиот Ратинген, тој се враќа во Скопје и потпиша договор на една и пол сезона.
Ангажманот на овој ракометар на најдобар можен начин ги отсликува амбициите со кои Пролет ќе влезе во вториот дел од сезоната. Големо освежување ќе биде и враќањето на Александар Василевски по тешката повреда на коленото, со што ќе биде засилена бековската линија во ростерот.