Ракомет

Пет ракометари заминуваат од Еурофам Пелистер

Пет ракометари заминуваат од Еурофам Пелистер

Пет ракометари, првотимци на Еурофарм Пелистер го напуштаа шампионскиот тим на клубот кој јавно се заблагодари за нивниот придонес во освојувањето на првенството и настапите во европската Лига на шампионите.

Во следната сезона во државата и странство во нови клубски средини ќе настапуваат Урош Борзаш, Ненад Костески, Емилијан Ѓорговски, Павле Петровиќ и Мохамед Шабиб Мамдух.

Верноста кон клубот на уште една година ја потврди српскиот интернационалец Богдан Радивијевиќ, потврдија од РК Еурофарм Пелистер.

To top