сабота, 15. декември 2018. Вести денес: 0
home Ракомет

Павел Атман го доби Металург на суд

Павел Атман го доби Металург на суд

Уште еден ракометар од славните денови на Металург го доби спорот со клубот, а станува збор за рускиот репрезентативец Павел Атман.

Актуелниот член на германски Хановер е еден од оние кои го тужеа клубот и кој го доби судскиот спор, па така сега Металург ќе треба да го исплати целиот долг заедно со каматите.

Притоа, Атман преку својт адвокат истакнал дека му е навистина жал што по една успешна соработка следувал таков крај, меѓутоа судската постапка била нужна и само по тој пат истиот можел да се надева на добивање на средствата кои несомнено клубот му ги должи.