понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 48
home Ракомет

Парондо: Среќен сум за Македонија, имам прекрасни спомени од таму

Парондо: Среќен сум за Македонија, имам прекрасни спомени од таму

Селекторот на земјата домаќин на ракометниот Мундијал, Роберто Парондо со нетрпение го очекува дуелот од второто коло против избраниците на Брестовац.

Поранешниот тренер на Вардар, кој воедно му беше и помошник на Раул Гонзалез во македонската репрезентација, по победата на Египет над Чиле на СП се наврати на времето поминато во Скопје.

-Сакам да и честитам на Македонија што се приклучи на овој турнир, но во исто време ми е жал што Чешка мораше да откаже. Ситуацијата е проблематична и за нас бидејќи како тренер се подготвуваме за Чешка долго време, а сега имаме кратко време да се подготвуваме за Македонија. Сепак среќен сум за Македонија, имам прекрасни спомени од таму, изјави Парондо.

Македонија и Египет ќе играат во 2 коло од групата Г на СП, натпреварот е закажан за в недела од 18 часот.

Коронавирус