вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 174
home Ракомет

Парондо: Не смееме да ја потцениме Војводина

Парондо: Не смееме да ја потцениме Војводина

Вардар викендов оствари значајна победа во Унгарија против Веспрем во Лигата на шампионите, но од македонскиот ракометен првак наведуваат дека нема време за еуфорија бидејќи утре го пречекуваат српскиот шампион Војводина во рамките на регионалната СЕХА лига.

– Војводина е најдобриот тим во Србија во последните неколку години и не смееме да го потцениме ривалот. Имаат млади и добри играчи, кои играат агресивно и сакаат да покажат колку можат. Ние сакаме да прикажеме дека имаме квалитет. Сигурно нема да биде тешко како на средбата против Веспрем, но мораме да ја сфатиме нашата задача максимално сериозно, истакна тренерот на Врадар, Роберто Парондо.

Вардар е фаворит на средбата, но поради повреди на дел од играчите Парондо не го соопшти составот со кој ќе се спротивстави. Меѓу играчите кои имаат проблеми со повреди се и Рожерио Мораеш и Вуко Борозан.

Коронавирус