сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 84
home Ракомет

Парондо: Не одигравме најдобро, но важно е дека победивме

Парондо: Не одигравме најдобро, но важно е дека победивме

Тренерот на Вардар, Роберто Парондо, е задоволен поради тоа што неговиот тим ја задржа лидерската позиција во СЕХА Газпром лигата откако вчеравечер го совлада Татран (23:21).

– Ние не одигравме најдобро во текот на првото полувреме. Во овој период од средбата ни недостигаше интензитет и фокус во мечот. Потоа беше поинаку. Вториот дел донесе подобра игра, а морам да им се заблагодарам на моите ракометари за покажаното во тој дел од мечот. Имавме проблеми со играта во одбрана и тоа ни се одрази врз резултатот. Се соочивме и со проблеми бидејќи двајца од ракометарите кои играат во центарот на одбраната се повредија за време на натпреварот. Најважно е дека се изборивме за уште една победа, изјави Парондо.

Вардар е лидер во регионалното натпреварување со 30 бода од 12 натпревари.

Коронавирус