среда, 19. септември 2018. Вести денес: 0
home Ракомет

Парондо: Игравме со голем интензитет

Парондо: Игравме со голем интензитет

Тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо смета дека неговите избраници против Железничар успеале во намерата да го подигнат интензитетот на играта во споредба со претходните натпревари.

– Игравме подобро во споредба со претходниот дуел. Се обидовме да наметне посилно темпо и мислам дека успеавме во тоа. Против овој тим не лесно да се игра. Можеби тие се млади, но тие се добри играчи. За мене оваа победа значи многу, бидејќи Железничар Ниш е добар тим, рече Парондо на прес-конференцијата по натпреварот.

„Црвено-црните“ синоќа ја запишаа втората победа во СЕХА лигата совладувајќи го српскиот тим со убедливи 35:20.

Гостинскиот тренер и некогашен предводник на вардарци, Веселин Вујовиќ рече дека неговиот тим наишол на силен ривал кој има квалитет за успешни резултати и во Лигата на шампионите.

– Јасно беше кој е фаворит и сакам да му честитам на Вардар за повеќе од заслужена победа. Секој има свои цели, свои грижи, продолжуваме и знам дека Вардар ќе биде успешен и во ЕХФ Лигата на шампионите и во СЕХА лигата. Не се сомневам дека можат да постигнат многу, потенцира Вујовиќ. 

(Миа)