петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Ракомет

Парондо и Мораеш повторно во ист клуб

Парондо и Мораеш повторно во ист клуб

Бразилецот Рожерио Мораеш, следната сезона ќе се врати во Бундес лигата според официјално непотрвдени информации.

Бразилскиот пивот кој од редовите на Кил премина во Вардард со кого во 2019 стана и европски шампион (ќе) има нов клуб. Според официјално непотврдена информација, Мораеш се враќа во Бундес лигата и тоа во екипата на Мелсунген каде што тренер е Гарсија Парондо, шпанскиот стратег кој му беше тренер на Мораеш и во 2019 во Вардар.

Мораеш откако се раздели со Вардар, замина во Веспрем, каде што есенва побара да му биде раскинат договорот и замина за Португалија, за Бенфика.

Коронавирус