среда, 14. април 2021. Вести денес: 138
home Ракомет

Палмерсон нема да ја напушти Барселона, Алборг извиси?!

Палмерсон нема да ја напушти Барселона, Алборг извиси?!

Се шпекулираше дека Арон Палмарсон ќе им се придружи на ѕвездите кои одлучија да направат „дрим-тим“ во Алборг.

Меѓутоа Исланѓанецот одлучи да не се сели во Данска. Според блиски извори до екипата на Барселона, одличниот организатор на игра ќе остане во клубот и наредната сезона.

Двете страни се договорија и останува само соработката да се официјализира пред јавноста. Тоа се одлични вести за каталонската екипа која и натаму ќе може да смета на услугите на еден од најдобрите ракометари на денешницата.

30-годишникот од Рејкјавик ги брани боите на Барса од 2017 година. Претходно беше дел од Кил и Веспрем, а ја започна кариерата во Хафнарфјордур.

Шпанскиот гигант ќе заврши одлична работа и ќе го сочува „моторот“ на екипата за наредниот период.

Коронавирус