понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 140
home Ракомет

Паличка не се откажува од националниот дрес

Паличка не се откажува од националниот дрес

Шведскиот ракометен голман Андреас Паличка,  одлучи да ја продолжи својата репрезентативна кариера.

Паличка (35) не знаеше каква ќе биде неговата иднина во репрезентацијата на Шведска по завршувањето на Летните олимписки игри. Сега капитенот на петтопласираната селекција во Токио кажа дека не планира да се повлече од националниот дрес.

-Продолжувам. Мојата цел е да продолжам. Сè додека националниот тим ме сака во иднина, ќе бидам достапен. Тоа ќе го правам, ако телото ми кажува дека сè е во ред“, реше Швеѓанецот.

Паличка запиша 128 настапи за шведската репрезентација. Националниот дрес го брани од 2007 година. На крајот од тековната сезона, искусниот голман ќе се пресели во редовите на ПСЖ.

Локални избори 2021