петок, 7. август 2020. Вести денес: 111
home Ракомет

Палевски нов член на Тинекс Пролет

Палевски нов член на Тинекс Пролет

Давор Палевски е првото засилување на Тинекс Пролет за новата натпреварувачка сезона, откако успешно ги финиширавме преговорите за ангажман на најдобриот стрелец во Супер-лигата минатата сезона, соопштија од клубот.

Палевски денеска го стави потписот на договорот со Тинекс Пролет, решавајќи да остане во Скопје по одличната ланска сезона што ја имаше во дресот на Работнички. Левото крило постигна 190 гола на 17 натпревари за овој тим.

Палевски е поранешен кадетски и младински репрезентативец на Македонија. Тој беше дел од составот на младинците кои стигнаа до одличното шесто место на СП во Алжир.

Пред Работничк, крилото го носеше дресот на Металург, тим за кој настапуваше и во Лигата на Шампионите. (МИА)

Коронавирус