недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 37
home Ракомет

ПАДНА ОДЛУКА: Словенците открија дали остануваат на ЕП

ПАДНА ОДЛУКА: Словенците открија дали остануваат на ЕП

Ракометната селекција на Словенија сепак нема да се повлече од ЕП иако и беше одбиена и втората жалба, соопшти легендарниот нивен ракометар Миха Жвижеj

Овој ракометар поради приватни причини го откажа настапот на ЕП, иако се шпекулира дека вистинските причини се кавга со Вујовиќ.

Жвижељ по пат на Твитер се огласи  и откри дека Словенија останува на првенството.

„Мило ми е што Словенија останува на првенството, па ми падна камен од срце. Тажно е што во вакви возбудливи времиња на ракометот мора да се соочуваме со своите проблеми. Ова секогаш се случува, но се плашам дека нема вистинско решение. Напред Словенија“, напиша Жвижеj.

Официјалната одлука на словенечката федерација се очекува да биде соопштена на прес-конференција која е закажана за во 16:00 часот.

Коронавирус