сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 43
home Ракомет

ОВА НЕ Е ДОБРО: Уште еден македонски ракометен клуб пријави позитивни случаи на коронавирус!

ОВА НЕ Е ДОБРО: Уште еден македонски ракометен клуб пријави позитивни случаи на коронавирус!

Коронавирусот се шири во македонскиот ракомет, откако по 16-те позитивни случаи во КЛ7 беше обелоденето дека Covid-19 има и во таборот на Радовиш.

Токму Радовиш беше последен ривал на КЛ7, во нивниот меѓусебен дуел што беше одигран во понеделникот, а откако скопскиот клуб објави информација за масовна заразеност во неговите редови, очекувано беше вирусот да се појави и во таборот на радовишани, каде двајца ракометари се позитивни.

„Ракометниот клуб РК РАДОВИШ ја известува пошироката јавност дека веднаш по натпреварот со РК ГОЛДЕН АРТ од нивна страна сме известени дека имаат позитивни случаеви на Ковид, при што од наша страна се превземени мерки согласно пропишаните мерки и дека во текот на денешниот ден ќе бидат направени тестирања на целиот стручен штаб и играчи. Согласно протоколот за натпреварување целиот стручен штаб и тим беа тестирани негативни и на повторното тестирање имаме двајца позитивни ракометари без симптоми.“

Коронавирус