вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 152
home Ракомет

Ова е причината за трагичната смрт на македонската ракометарка – блиските во шок и неверување: Со години се обидуваше да стане мајка

Ова е причината за трагичната смрт на македонската ракометарка – блиските во шок и неверување: Со години се обидуваше да стане мајка

Веста за ненадејната смрт на поранешната македонска репрезентативка Јулија Портјанко Николиќ, денес ја потресе јавноста. Младата жена ја изгуби битката на свои 38 години, а нејзини блиски за ,,Фокус” велат дека причината, според првичните информации е срцев удар.

-Доцна синоќа се случило, сите сме вознемирени, таа беше прекрасен човек. Нејзиниот борбен дух не го издржа овој животен предизвик. Со години се бореше да стане мајка, не го дочека тоа за жал. Претешки се овие моменти за сите нас, кои ја знаевме нејзе и нејзината големина – ни раскажаа нејзини поранешни соиграчи од Кометал.

Јулија по потекло беше од Украина, а во Македонија дојде во 2003 година. Таа доби македонско државјанство, и играше за репрезентацијата на Светското женско ракометно првенство во 2009 година. Во 2015 година стави крај на ракометната кариера, а пред последниот меч со Вардар изјави дека ќе и недостига атмосферата со која го поминала поголемиот дел од животот.

-Многу добро се чувствувам во моментов, иако многу ќе ми недостига оваа атмосфера. Сепак после толку години поминати во ракометот сметам дека е време да ја завршам кариерата. Сакам да го проширам семејството и затоа заминувам среќна. Имам големи спомени од ракометот и добро е што заминувам здрава и без никакви повреди. Сега сакам убаво да се одморам, а дури потоа ќе размислувам што ќе правам понатаму- беше нејзината изјава со која се збогуваше со ракометот, пред шест години.

Локални избори 2021