понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 79
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Ракомет

Откажани утрешните натпревари од ЕП во ракомет за жени во Нант поради протестите

Откажани утрешните натпревари од ЕП во ракомет за жени во Нант поради протестите

Поради протестите во Франција и планираните собири во близина на салата ХХЛ во Нант, каде требаше утре да се одржат натпреварите од групата I на ЕХФ ЕВРО 2018, Европската ракометна федерација во соработка со Организацискиот комитет на ЕХФ ЕП 2018 година одлучи да ги откаже и да ги презакаже натпреварите од второто коло, јави дописникот на МИА.

ЕХФ и Организацискиот комитет се во постојан контакт со локалните и националните власти со цел да имаат увид во ситуацијата, предизвикана со протестите на „жолтите елеци“.

Поради планираните протести во текот на утрешниот ден нема да има слободен пристап до арената каде требаше да се играат два натпревара.

Натпреварите закажани за утре ќе се одиграат в недела, на 9 декември. Почетокот на средбите останува во истото време.

Новиот распоред е следен: Шведска – Франција (15:00 часот) и Србија – Русија (18:00 часот).

Сите билети купени за двата натпревара на 8 декември ќе важат за натпреварите в недела.

МИА