среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 109
home Ракомет

Опериран некогашниот миленик на Комити: Ќе се вратам уште посилен и подобар! (ФОТО)

Опериран некогашниот миленик на Комити: Ќе се вратам уште посилен и подобар! (ФОТО)

Еден од најзаслужните за втората европска титула на Вардар, голманот Дејан Милосављев, кој сезонава брани за бундеслигашот Фуксе Берлин, денеска успешно бил опериран, откако посериозно го повредил коленото поради што веднаш морал „под нож“.

Српскиот репрезентативец веднаш објави фотографија од болничката соба, објаснувајќи дека сѐ минало во најдобар ред и дека ќе работи напорно за да се врати во посакуваната форма.

„Операцијата мина успешно. Ќе се вратам уште посилен и поподготвен за предизвиците кои се пред мене. Ракометниот гол е свето место, на кое ќе се сретнеш со најголемите стравови и предизвици и ќе се чувствуваш непобедлив. Но, кога ќе дојдат лошите моменти, ќе се бориш како секој момент да ти е последен“, напиша некогашниот миленик на Комити.

Повредата доаѓа во најнезгоден момент за Милосављев и за Фуксе Берлин, со оглед што бранеше во фантастична форма, поради што беше прогласен за играч на месец ноември во силната Бундеслига.