сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 130
home Ракомет

ОИ: Унгарија со билет за четврфинале по победата над Шведска

ОИ: Унгарија со билет за четврфинале по победата над Шведска

Женската ракометна репрезентација на Унгарија славеше победа од 26-23 против немотивираната Шведска во последното коло од групната фаза и успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето.

Шведска беше прва во групата Б и пред овој натпревар, па немаше премногу мотиви за да дојде до победата. Унгарија со две победи во последните две кола успеа да стигне до елиминациите, бидејќи во претходното коло ја совлада Шпанија со 29-25.

„Фуријата“, која е актуелен светски вицепашмпион остана без четвртфинале, бидејќи денеска загуби од Русија со 34-31 и заедно со Бразил си оди дома.

ГРУПА Б
Унгарија – Шведска 26-23
Франција – Бразил 29-22
Шпанија – Русија 31-34

Коронавирус