четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 157
home Ракомет

ОИ: Шпанија ја прегази Аргентина

ОИ: Шпанија ја прегази Аргентина

Шпанската машка ракометна репрезентација со новата победа се искачи на второто место групата А на олимпискиот турнир. Европските прваци ја надиграа Аргентина во петтото коло со 36-27 полувреме (17-12).

Соочувањето на двајцата шпански тренери, Риберa и Каденас, му припадна на помладиот, бидејќи „фуријата“ од самиот почеток ја потврди класата и лесно стигна до победа.

Со пет порази „гаучосите“ го завршуваат турнирот на последното место и на дванаесеттото место во финалната класификација.

Крилата беа најефикасни кај шпанската селекција, во чиј табор сите се запишаа меѓу стрелците. Абело Гомез постигна шест, а Феран Соле пет погодоци.

Пизаро со пет гола беше најефикасен во аргентинскиот табор, каде легендарниот Диего Симонет го одигра последниот натпревар во дресот со државниот грб.

Коронавирус