вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 182
home Ракомет

ОИ: Шпанија го освои бронзениот медал

ОИ: Шпанија го освои бронзениот медал

Ракометарите на Шпанија си обезбедија бронзен медал на Олимписките игри во Токио, откако со 33-31 (19-16) го победија Египет на Роберто Парондо.

Египќаните не успеаја да дојдат до историски медал на овој турнир, иако одиграа храбро и до самиот финиш се бореа за одличјето. Искуството го направи своето и избраниците на Рибера успеаја да победат во драмата.

Најефикасен играч на натпреварот беше Гомез Абељо со осум погодоци, колку што даде и Елахмар од Египет. Карим Хендави имаше одличен втор дел со 12 интервенции, кои беа недоволни за својата селекција, а Гонзало Де Варгас фати девет удари.

 

Локални избори 2021