понеделник, 12. април 2021. Вести денес: 99
home Ракомет

Охрид го шокираше Металург

Охрид го шокираше Металург

Ракометарите на Охрид успеаја да го совлдаат скопски Металург со 27:26 во плеј-офот во машката ракометна Суперлига и остварија значајна победа во битката за позициите кои носат пласман во европските купови.

Првото полувреме им припадна на ракометарите на Охрид (15:12), но во вториот дел тимот од Автокоманда успеа да се врати во игра и на 10 минути до крајот водеше имаше предност од три гола (22:25).
Сепак, домаќините во последните минути прво успеаја да ја анулираат предноста, а со голот на Денис Тот на шест секунди до крајот да дојдат до триумф од 27:26.

 

Тот со шест гола беше и најефикасен во редовите на Охрид каде се истакнаа и Андоноски и Блажевски, додека кај Металург Хорват, Додиќ и Поповиќ постигнаа по шест гола.

Коронавирус