недела, 18. ноември 2018. Вести денес: 43
home Ракомет

Официјално: Вардар се засили со руски „џин“

Официјално: Вардар се засили со руски „џин“

Рускиот репрезентативец Глеб Калараш (27) е нов член на РК Вардар. „Црвено-црните” потпишаа едногодишен договор со пивотменот и тој веќе го одработил првиот тренинг со екипата.

Калараш, кој е висок 205 см, играше на ЕП 2016 во Полска и на СП 2017 во Франција за Русија. Тој беше дел и од неодамнешниот бараж дуел против Чешка, а „Зборнаја” се пласираше на следното СП 2019.

Во Русија, Калараш настапувал за вториот тим на Чеховски Медведи и за екипата на Нева од Санкт Петербург.

Во последната сезона Калараш ги бранеше боите на Магдебург каде настапуваше и во Купот на ЕХФ.

Во Бундеслигата одиграше 28 натпревари и постигна 17 гола. (МИА)