понеделник, 26. август 2019. Вести денес: 0
home Ракомет

ОФИЦИЈАЛНО: Кинески тим ќе игра во СЕХА лигата!

ОФИЦИЈАЛНО: Кинески тим ќе игра во СЕХА лигата!

Регионалната СЕХА лига, во која следната сезона ќе настапуваат најмалку два македонски претставници, ќе биде збогатена и за кинески тим! Извршниот комитет на ова натпреварување донесе одлука да биде вклучен и кинескиот тим Пекинг Спортс Универзитет. Од следната сезона ќе има 12 тимови, а кинескиот тим ќе биде од новајлиите.

„Деветтата сезона во СЕХА ќе донесе многу новитети во лигата, а еден од нив ќе биде кинескиот тим Пекинг Спортс Универзитет, кој ќе се натпреварува оваа сезона. Ова е почеток на една нова ера во регионот и СЕХА лигата. Нашата цел е да го развиваме ракометот и да внесуваме нешто ново, револуционерно. Со ова се отвораат нови хоризонти и нови пазари во југоисточна Европа, но исто така и надвор од границите“, изјави претседателот на лигата, Михајло Михајловски.

Базата на овој кинески тим ќе биде Загреб, па тимовите ќе имаат три гостувања во Хрватска следната сезона. Покрај Пекинг Спортс и Веспрем, се очекува и унгарската Татабања наскоро да биде промовирана како нов член.

Извор: 24rakomet.mk