петок, 17. септември 2021. Вести денес: 40
home Ракомет

Официјално: Калифа Гедбан две години во Адемар Леон

Официјално: Калифа Гедбан две години во Адемар Леон

Калифа Гедбан од денеска и официјално е нов голман на Адемар Леон. Алжирецот е последниот што го напушта Вардар, а со шпанскиот клуб се обврзал на двегодишна соработка.

Гедбан минатата сезона пристигна во редовите на Вардар како тотален анонимус и доби шанса да се промовира на големата европска сцена. Беше дел од тимот кој лани ја освои Лигата на шампионите и имаше солиден придонес зад Дејан Милосављев.

Ова за него е враќање во шпанскиот ракомет, бидејќи пред Вардар играше за Анхел Хименез Пуенте Хенил.

Коронавирус