недела, 15. јули 2018. Вести денес: 66
home Ракомет

Официјално: Борко Ристовски замина во „Бенфика“

Официјално: Борко Ристовски замина во „Бенфика“

Борко Ристовски, првиот голман на репрезентацијата на Македонија започна нова авантура.

Тој ја напушта Барселона и се сели во Португалија, а за тоа денеска пристигна официјална потврда.

Бенфика е новиот клуб на Борко Ристовски, кој вели дека доаѓа со големи амции и желба да освои многу трофеи.

-Мислам дека секој човек секогаш треба да има амбиции, и јас доаѓам тука со амбиција да освојам што е можно повеќе трофеи. Бенфика е голем клуб со одличен проект и дојдов тука бидејќи сакам да освојувам титули, вели Ристовски, кој го носи дресот со број 16.