среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 157
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Ракомет

Одредени цените на билетите за ракометниот Куп на Македонија

Одредени цените на билетите за ракометниот Куп на Македонија

Tрката за шампионската титула во машкиот ракометен шампионат најверојатно ќе заврши со победа на Вардар, а викендот кој доаѓа ќе следи и битката во Купот на Македонија на која домаќин ќе биде градот Кавадарци.

Тиквеш како организатор на настанот ги објави цените на билетите. Билетите во продажба се пуштаат во петок и ќе може да се купат по цена од 150 денари.

„Почитувани, со огромна чест и задоволство ви го најавуваме ракометниот Куп на Македонија 2022 година за мажи и жени кој ќе се одигра овој викенд во салата „Јасмин“, Кавадарци.Од утре (петок), од 12:00 часот на билетарницата во „.Јасмин“, Кавадарци ќе бидат пуштени дневните влезници за сите натпревари. Дневната влезница е по цена од 150 денари. Се надеваме на успешен ракометен Куп на Македонија, одигран со спортски дух и убава атмосфера. Нека победат подобрите“, соопштија од Тиквеш.

 

Коронавирус