сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 61
home Ракомет

Одложен стартот на ракометната Суперлига, натпреварите ќе се играат во недела

Одложен стартот на ракометната Суперлига, натпреварите ќе се играат во недела

Владата на Македонија поради трагедијата во Тетово прогласи тридневна жалост, а поради тоа одложени се натпреварите во ракометната Суперлига.

Натпреварите кои требаше да се играат денес ќе се играат во недела.

„Поради прогласената три дневна жалост и апел од Владата да се одложат сите спортски манифестации, Ве информираме дека првото коло од ракометната Супер Лига предвидено за денес (09.09.2021 г.) се одложува за недела (12.09.2021 г.).Сочуство до семејствата“, соопштија од РФМ.

Коронавирус