четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 53
home Ракомет

Одлична вест за Вујо: Анте Кудуз им се врати на тренинзите на Вардар

Одлична вест за Вујо: Анте Кудуз им се врати на тренинзите на Вардар

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 одлично ја започна новата сезона во Лигата на шампионите. По големиот бод од гостувањето кај Елверум во Норвешка, вардарци одиграа моќно против Мешков Брест и пред својата публика ја запишаа првата победа во ракометната елита.

Веселин Вујовиќ има за што да биде задоволен од одиграните партии на своите избраници, а во пресрет на првото дерби со Еурофарм Пелистер во домашниот шампионат, како и новите предизвици во Лигата на шампионите, доби уште една позитивна вест. На тренинзите на „црвено-црните“ им се врати летното засилување Анте Кудуз.

Хрватскиот бек имаше забележителни настапи против ППД Загреб во СЕХА лигата, но потоа се повреди и ги скокна првите два дуели од Лигата на шампионите.

Повредата е веќе надмината и Кудуз почна да тренира со остатокот од екипата, но многу веројатно нема да биде во целост подготвен за дербито со битолчани, па се очекува да му се стави на располагање на Вујо за дуелот со Алборг кој се игра в среда.

Локални избори 2021