понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 0
home Ракомет

Одиме на победа против Исланд, но историјата не ни е сјајна: Ова се резултатите на досегашните средби меѓу двете репрезентации

Одиме на победа против Исланд, но историјата не ни е сјајна: Ова се резултатите на досегашните средби меѓу двете репрезентации

Досегашните пресметки меѓу Македонија и Исланд на завршните турнири на големите натпреварувања завршувале со тесен резултат и со малку голови. Македонија нема победа, но има реми од пред две години од Мундијалот во Франција.

Исланд е репрезентација која секогаш била незгодна, а е противник на Македонија во квалификациите за Европското првенство следниот јануари. Денеска ќе има неизвесен двобој на кој нијанси ќе пресудуваат кој ќе дојде до победата.

Иако дуелите со Исланд имаат историја веќе од две децении, сепак, на големите натпреварувања првпат играа заедно во 2013 година кога беше претрпен пораз на Мундијалот со четири гола разлика. На ЕП следната година поразот беше од два гола.

ДОСЕГАШНИ ДУЕЛИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ИСЛАНД

15.01.2013 (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД           19:23

20.01.2014 (ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)

МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД           27:29

19.01.2017 (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД           27:27

Извор: 24Ракомет

Коронавирус