Македонскиот ракометен тим Вардар 1961 продолжува да го засилува својот ростер за следната натпреварувачка сезона.
Во вардаровото семејство ќе се приклучи искусниот словенечки интернационалец Јака Малус, кој со „црвено-црните“ се договори на соработка на две сезони.
Игра на позицијата среден бек и зад себе има големо искуство во играње во ЕХФ лигата на шампионите и Европската лига.
Се наоѓа на поширокиот список на репрезентацијата на Словенија, а ги има поминато и сите младински селекции и настапувани на младинските и светски првенства во младите возрасни категории.