недела, 5. декември 2021. Вести денес: 79
home Ракомет

Новина во ракометна Битола: Фан-зона пред секој домашен меч на Еурофарм Пелистер

Новина во ракометна Битола: Фан-зона пред секој домашен меч на Еурофарм Пелистер

Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер најави отпочнување на проект за целодневна ракометна активност во Битола.

Имено, клубот ќе организира таканаречена фан-зона, пред почетокот на сите натпревари од Д групата на Европската лига.

„Со почетокот на европските натпревари за сезоната 2021/22, се отвора фан-зоната на РК Еурофарм Пелистер. На денот на секој домашен натпревар предвидено е дружење, забава, забавни и музички активности, катче за најмладите, вкусна храна и ладно пиво за загревање за она вистинското –  натпреварите на Еурофарм Пелистер во ЕХФ Лига Европа. За сите кои не купија билет, предвидено е следење на натпреварот преку видео-бим“, се вели во клупското соопштение.

Првата фан-зона е предвидена во вторник од 17:00 – 22:30 часот пред спортската сала „Боро Чурлевски“. Таа вечер од 20:30 часот ќе се одигра натпреварот против Ним, номинално најсилната екипа во групата.

Коронавирус