четврток, 26. април 2018. Вести денес: 51
home Ракомет

Нов рекорд на Вардар

Нов рекорд на Вардар

Македонскиот ракометен шампион Вардар продолжува да руши рекорди на меѓународната сцена. Најновиот го постигнаа на полуфиналниот меч против Мешков од Ф4 турнирот во СЕХА лигата. Триумфот 33-24 на „црвено-црните” е највисок досега на сите Ф4 турнири.

Досегашниот рекорд беше триумф со осум голови, што го имаат вардарци во два наврата и еднаш ППД Загреб.

Воедно, ова беше и 18 триумф на 19 натпревари во една сезона што претставува рекорд.

„Црвено-црните“ соборија уште еден рекорд. Тие се единствен тим што има над 100 победи во СЕХА лигата – вкупно се со 110 триумфи.

Трикратниот СЕХА шампион е единствениот тим што има обезбедено настап на ѓест финалиња од седум досегашни турнири. Единствениот пат кога македонскиот првак не се бореше за трофејот беше турнирот во Веспрем.

Вардар утре во финалето ќе игра со ППД Загреб со почеток во 20:15 часот.

МИА