среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 193
home Ракомет

Нов позитивен случај на Ковид-19 во ракометната репрезентација пред дуелот со Швајцарија

Нов позитивен случај на Ковид-19 во ракометната репрезентација пред дуелот со Швајцарија

Македонската ракометна репрезентација денеска ќе отпатува за Шафхаузен каде викендов и гостува на Швајцарија во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Македонија со триумф ги стартуваше квалификациите по победата над Финска од 33-24, додека Швајцарија на вчерашното гостување кај фаворитот Данска очекувано загуби со 31-26.

-Пред патувањето за Шафхаузен се појави нов позитивен на Ковид-19, станува збор за член на стручниот штаб, идентитетот не е откриен, тој оди во изолација, останатите на пат за Швајцарија, утре се среќаваме со оваа селекција од 18-30 во квалификациите за ЕП 2022, пишува Дриблинг.мк

Поради позитвни ковид тестови отпаднаа играчите Марио Танкоски, Мартин Велковски и Мартин Поповски, и членовите на стручниот штаб, Александар Царчев, Никола Матлиевски и Радослав Стојановиќ.

Коронавирус