петок, 27. мај 2022. Вести денес: 112
home Ракомет

Нов ден, нова тура позитивни: Кањелас, Палмарсон, Елисон….

Нов ден, нова тура позитивни: Кањелас, Палмарсон, Елисон….

Репрезентацијата на Шпанија пред почетокот на натпреварите од главната фаза на Европското првенство пријави два играчи кои биле позитивни на коронавирус.

На последните направени тестирања пред дуелот на Шпанците со селекцијата на Германија, позитивни биле поранешниот член на Вардар, Жоан Кањељас, како и средниот бек, Јан Тарафета.

Кањелас и Тарафета веднаш се изолирани во своите соби во хотелот во Братислава. Останатите ракометари од репрезентацијата на ПЦР тестирањето добиле негативен тест.

Сите членови на шпанската делегација ќе бидат подложени на нови тестови по натпреварот меѓу Шпанија и Германија, кој се игра денес со почеток од 18:00 часот.

Со големи проблеми за натпреварите од главната фаза се соочуваат Исланд и Холандија. Во составот предводен од Гудмундур Гудмунсон позитивени биле Арон Палмарсон и Бјарки Мар Елисон. Двајцата ракометари играат клучна улога во репрезентацијата на Исланд.

Позитивни играчи пријави и холандската репрезентација. Кај Холанѓаните позитивни на ПЦР тестирањата биле Денис Шелекенс и Исо Слујтерс.

Коронавирус