понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 52
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Ракомет

Норвежанецот Танген и Словенецот Доленец пред портите на Вардар!

Норвежанецот Танген и Словенецот Доленец пред портите на Вардар!

По вчерашната најава за доаѓање на португалскиот виртуоз Мигел Мартинс Соареш за нов среден бек, денеска нова одлична вест за навивачите на актуелниот европски ракометен шампион Вардар – двe опции за пополнување на дефицитарната во моментов позиција десен бек.

Станува збор за Норвежанецот Елвинд Танген и Словенецот Јуре Доленец, меѓу кои, според најавите, ќе се бара замената за џинот Криштопанс.

Танген е редовен освојувач на медал со норвешката селекција, со која има две сребра од последните два Мундијали во 2017 во Франција и 2019 во Германија и Данска, како и бронза од годинешното Европско првенство во Шведска, Австрија и Норвешка. Зад себе има 92 настапи во дресот со националнио обележја со 154 постигнати гола, а ако сѐ биде како што е веќе договорено, во Скопје ќе дојде до двегодишниот престој во тимот на Скјерн.

Доленец, пак, доаѓа од таборот на Барселона, каде што одигра три сезони. Зад себе има 126 настапи за словенечката репрезентација со 447 постигнати голови и со бронзен медал од Светското првенство пред три години. Има играно и за Горење и Монпеље.

Претходно, нови договори со Вардар потпишаа Стојанче Стоилов, Тимур Дибиров и Кристијан Дисингер, заедно со хрватскиот ветеран Иван Чупиќ и со Хлеб Калараш. Нова аквизиција треба да биде и францускиот голман Рибин Кантегрел, заедно со веќе сигурните Борко Ристовски и Марко Кизиќ. Верноста со клубот ја продолжија и младите Мишевски, Атанасовски, Гашовски, Крстевски, а ново име е и Томислав Јагуриновски од Металург.

Според најавите, во Вардар би требало да дојде и македонскиот репрезентативец Филип Талески.

Коронавирус