среда, 28. јули 2021. Вести денес: 156
home Ракомет

Норвешка го има новиот женски клубски ракометен шампион

Норвешка го има новиот женски клубски ракометен шампион

Норвешкиот Кристијансанд е нов европски првак откако со 34-28 го совлада Брест во финалето на завршниот турнир во Лигата на шампиони во женска конкуренција.

Норвешкиот тим водеше во текот на речиси целиот натпревар и имаше контрола на резултатот. Французинките се заканија само во првото полувреме кога по една серија од 5-0 израмнија на 9-9.

Сепак на полувремето Кристијанштад водеше со 18-14. Во вториот дел, ништо не се промени освен што норвешкиот состав го зголеми водството и во неколку наврати имаше највисоки +7. До крајот на натпреварот не дозволи ривалот да се врати во игра и рутински славеше со 34-28.

Грос со осум голови беше најефикасна кај Брест, додека Гулден постигна пет. Во победничкиот состав, Реистад постигна 11 голови, Кнедликова реализираше шест погодоци.

Коронавирус