понеделник, 20. март 2023. Вести денес: 128
home Ракомет

Никола Митревски – светлата точка во македонското сивило во Кожани

Никола Митревски – светлата точка во македонското сивило во Кожани

Македонија загуби од Грција со 28-26 во вториот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство, кое за две години ќе се одржи во Норвешка, Шведска и Австрија, па ќе мора по потешкиот пат да оди за обезбеди нов пласман на континентален шампионат.

Многу работи не функционираа во нашиот состав, ниту во нападот, ниту во одбраната. Се чини дека и покрај 28 примени голови, единствена светла точка беше голманот Никола Митревски, кој забележа 15 одбрани.

Кога Грците во повеќе наврати напаѓаа за +2 или +3, Митревски се испречуваше пред нив, но кога неговите соиграчи во нападот не беа прецизни и тој беше немоќен кога домашните од чисти ситуации биеја кон неговиот гол.

На крајот одбраните на Митревски немаат голема вредност, но голманот на романска Констанца со оваа партија покажа дека заслужува место во националниот тим. Следен натпревар за Македонија во квалификациите ќе биде дуелот со Исланд во Рејкјавик.

Извор: 24 Ракомет

loading...